Пред почетокот на самитот Г7 во баварските Алпи германската канцеларка Ангела Меркел ги поздрави САД како „пријател и клучен партнер“ на Германија, и покрај повремените „разлики во мислењата“.
-Иако е точно дека ние понекогаш имаме различни мислења, САД, сепак, се нашиот партнер и тоа клучниот партнер со кој тесно соработуваме, изјави таа, пренесоа француските медиуми.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека лидерите на самитот ќе разговараат за тоа како да и се спротставата на руската „агресија“ во Украина, како и за заканите од екстремизам и климатски промени.
-Следните два дена во Шлос Елмау ќе разговараме за заедничката иднина, глобалната економија која отвора нови работни места и можноста за оддржување силна и просперитетна ЕУ, склучување нови трговски партнерства меѓу Америка и Европа, спротставставување на руската агресија во Украина, заканите – од насилниот екстремизам до климатските промени, порача Обама во пресрет на почетокот на самитот.
-Во врска со сите овие теми многу сме и благодарни за партнерството и лидерството на Вашата канцеларка Ангела Меркел, додаде Обама, пренесуваат британските медиуми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.