| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван го соопшти списокот на ракометари за натпреварите со Швајцарија и Чешка

Селекторот на машката ракометна репрезентација Ивица Обрван го објавуви скратениот список на ракометари повикани за подготовките пред натпреварите со Швајцарија и Чешка во квалификациите за Европското првенство 2016.

Од првично поширокиот список отпаднаа девет ракометари, останаа 19, а меѓу нив се и двајцата членови на Лахвија од Катар, Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец, кои добија виза од Катарците.

На списокот на Обрван се наоѓаат: Голмани ­ Бoркo Ристoвски и Петар Ангелoв. Крила ­ Дејан Манаскoв, Гoце Ојлески, Гoце Геoргиевски и Никoла Кoстески. Пивоти ­ Стoјанче Стoилoв, Жарко Пешевски и Никoла Маркoски. Бекови ­ Наумче Мoјсoвски, Филип Лазарoв, Аце Јoнoски, Велкo Маркoски, Филип Миркулoвски, Немања Прибак, Кире Лазаров, Влатко Митков, Ренато Вугринец и Лазо Мајнов.

Собирот на репрезентативците е закажан за 8 јуни во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top