| четврток, 6 декември 2018 |

Заев нема да оди на преговорите во Брисел

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави дека нема да присуствува на преговорите во Брисел закажани за 10 јуни со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Liderska sredba zaev - gruevski 2014 (12) (Custom)

Според Заев причината за оваа одлука била изјавата на Хан којашто ја даде во петок во Вашингтон, којашто според него, била пристрасна и несоодветна.

– Изјавата во Вашингтон на Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ ниту ЕУ досега не констатираа дека извештајот за изборите во Македонија е позитивен. Дополнително доказите од проектот “Вистината за Македонија“ ја разоткрија меѓу другото и криминалната позадина на повеќе изборни циклуси во Македонија организирани и спроведени од Никола Груевски и неговата власт. Ние во целиот овој период се однесуваме максимално демократски и седнавме на заедничка маса и покрај нерамноправната позиција во којашто бевме поставени, рече Заев.

– За целиот овој период ние се однесуваме максимално демократски и седнавме на заедничка маса и покрај нерамноправната позиција на која што бевме поставени, изјави лидерот на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top