| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со домати и краставици

Со диетата со краставици и домати може лесно да ослабнете, а се што е потребно за да дојдете до формата која ја посакувате е да го почитувате режимот на исхрана.

domati i krastavici

Времетраењето на оваа диета е еден месец, со одмор за време на викендите. Но имајте предвид, особено лицата со поголем вишок на килограми, дека не е препорачливо да загубите повеќе од 10 килограми месечно. Наглото губење на голем број килограми (повеќе од 7) може да предизвика развој на болести.

Прехрамбениот режим вклучува лесно усвоива храна, а во исто време храна која заситува и ги поседува потребните нутриенти.

Ден 1

Појадок: 2 парчиња двопек, 1 јаболко

Ужинка: таратур

16 часот: 1 банана

19 часот: салата од домати и краставици

Ден 2

Појадок: Мусли со едно канче кисело млеко со намалена масленост

Ужинка: Варени компири со малку сирење

16 часот: 1 банана

19 часот: салата од домати и краставици

Ден 3

Појадок: 1 јаболко и 1 банана

Ужинка: Пилешка супа

16 часот: малку бадеми (не повеќе од 10)

19 часот: салата од домати и краставици

Ден 4

Појадок: малку бадеми, 1 јаболко

Ужинка: таратур

16 часот: 300 гр овошје по избор

19 часот: салата од домати и краставици

Ден 5

Појадок: 350 гр овошна салата од најмалку три вида овошје

Ужинка: Варени компири со сирење

16 часот: 1 јаболко

19 часот: салата од домати и краставици

Салатата од домати и краставици можете да ја подготвите и со свеж магдонос, маслиново масло и сол.

Тараторот подгответе го со кисело млеко или павлака со минимална масленост.

Ако огладнете во време кога не е посочено да се консумира храна, пијте минерална вода или зелен чај.

Диетата од пет дена се повторува во текот на еден месец, без викендите. Во текот на викендите јадете храна по ваш избор, пред оброците испијте по 1 чаша вода, можете да се почестите и со некоја храна која ви недостасува или ви е омилена, но не претерувајте и изберете некоја поздрава варијанта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top