Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинителен акт за десет лица, обвинети во акцијата „Чекан“.
– Надлежен јавен обвинител денеска до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинение против десет лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, продолжено кривично дело „изнуда“, кривично дело „перење пари“ и „лихварство“ од Кривичниот законик. Во исто време, јавниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за деветмина од обвинетите – се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Криминалната група во која биле и обвинетите, како што е посочено во соопштението, започнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата, тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Му дојде крајот: Подигнато ново обвинение против Марјановиќ!
-
Oбвинение за 13 лица за вооружениот инцидент во Мала Речица
-
Австрискиот јавен сервис го тужи вицеканцеларот поради обвинение за лаги
-
Детали за убиството во Велес: Им влегол на спиење и тргнал по цела фамилија, таткото на убиецот спречил масакр