Четириесет и шестгодишниот С.В. утрово околу 2.00 часот во Велес со чекан нападнал семејство од неговото соседство, при што од повредите починал 65-годишниот Д.Н., а им нанел тешки телесни повреди на неговата сопруга, ќерка, братот и снаата. Како што информираат од Јавното обвинителство С.В. ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава пришто ја повредил.
Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал. По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.
По извршување на делото, осомничениот, како што соопшти Обвинителството, се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој известува дека ги убил „своите монструми“. Веднаш е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.
Од СВР Велес информираат дека насилството се случило околу два часот по полноќ на улицата „Коле Цветков“ бр.131 во близина на Вардар, во стариот дел на Велес. С.В. кој живеел на истата улица со чекан ја нападнал првин 30-годишната Т.Н. ќерката на починатиот, по што и што и нејзините родители нанесувајќи им телесни повреди.
– Потоа дошол таткото на насилникот и некако успеал да го однесе дома, а дошла и полиција и екипа на Брза помош која повредените со возила на Итна медицинска помош ги однеле во хирушкото одделение во Општата болница во Велес. Но поради тешките повреди околу 2:30 часот во болницата починал 65-годишниот Д.Н. Исто така и неговата сопруга 54-годишната Л.Н. поради тешките телесни повреди итно била пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Другите тројца се задржани на лекување во велешката болница, информира Додевски, истакнувајќи дека С.В. веднаш е приведен од полицијата.
Како што појаснуваат од СВР Велес, според нивните првичните сознанија причина за нападот била нетрпеливоста на насилникот кон соседите. Инаку напаѓачот С.В. живеел во Австралија.
По наредба на јавен обвинител треба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и да се подигнат сите траги и материјални докази од местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка