| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерите на СИРИЗА го отфрлаат предлог-договорот на кредиторите

сириза

Членови на раководството на грчката владејачка Коалиција на радикалната левица (СИРИЗ) тврдат дека нема да го прифатат договорот што го предложиле кредиторите на Грција на состанокот на грчкиот премиер Алекис Ципрас со лидерите на ЕУ.

Ципрас синоќа во Брисел имаше средба со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, посветена на можностите за постигнување компромис во спорот за долгот на Атина.

– Дискусиите ќе продолжат во следните денови. Колку повеќе разговараме, толку повеќе се доближуваме кон решение- изјави Ципрас по средбата.

По состанокот, кој траел речиси пет и пол часа, дипломатски извори соопштија дека биле постигнати први доближувања на позициите.

Меѓутоа, секретарот на Сириза, Тасос Коронакис денеска изјави дека предлозите на кредиторите „не можат да бидат основа за договор“.

Во услови на разногласија околку договорот со кредиторите, индексот на вредноста на акциите на Атинската берза претпладнево забележа драстичен пад, додека обемот на трговија со хартиите од вредност се намали за 2,6 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top