Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас постигнаа согласност за неопходноста од намалување на целите за примарниот суфицит на Грција, соопшти грчки владин претставник.
Тројцата лидери постигнаа согласност за неопходноста од помал примарен буџетски суфицит и неопходноста од итно решение во преговорите меѓу Грција и кредиторите, изјави грчки владин претставник по телефонскиот разговор.
Во меѓувреме еврокомесарот за економски и монетарни прашања Пјер Московиси објави дека постои реален напредок во преговорите за реформите.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска замина за Брисел за разговори со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.