| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска на татковците им дава три месеци платено породилно отсуство

Во Шведска од 2016 година мажите кои ќе добијат дете ќе може да користат три месеци платено породилно отсуство и во тоа време ќе примаат 80 отсто од платата.

tatko

Скоро 90 отсто од Швеѓаните ги користат бенефитите од овие великодушни владини одлуки според кои родителите добиваат до 480 дена породилно отсуство кога ќе добијат или кога ќе усвојат дете. Од нив 390 дена им плаќа 80 отсто од платата. Досега 60 дена беа резервирани за татковицте, а предлогот на новата влада е тој број да се зголеми на 90.

Породилно отсуство може да се користи додека детето не наполни осум години, а секое следно новороденче донесува и нови платени денови.

Родителите имаат законско право да го скратат своето работни време и до 25 отсто до осмата година на детето, а во семејствата каде што примањата се ниски, државата им плаќа пари до 16-та година на детето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top