| четврток, 6 декември 2018 |

Сијамски близнаци успешно разделени во болница во Париз

Хасан и Бубака, кои се родени во Гвинеја поврзани во пределот на стомакот на 26 мај, благодарејќи на асоцијацијата „Ла Шен де л’Еспоар“ („Синџир на надежта’) беа успешно разделени во болницата Некер во Париз.

bliznaci

Како што јави дописникот на МИА од Париз, операцијата во Некер, како и обично во случаи на сијамски близнаци кога станува збор за нивно разделување, претставува мал медицински подвиг.

Хасан и Бубакар се родени четири месеци порано во болницата Конакри во Гвинеја и се до пораѓањето нивната мајка Фатумата (27) верувала дека ќе роди нормално близнаци.

Двете бебиња се родени живи и во одлична здраствена форма што предизвика медиумска треска во Гвинеја, каде ова е прв случај на раѓање на живи сијамски близнаци.

Медицинската екипа набрзо и соопштува на мајката на близнаците дека ќе можат да ги разделат и започнуваат со барање на болница, каде можат да ја извршат хируршката интервецнија. Првата дама на Гвинеја се мобилизира и стапила во контакт со француската Амбасада.

Операцијата беше изведена во Париз во болницата Некер, финансирана од асоцијацијата „Синџир на Надежата“, која им пружа помош на деца кои не можат да бидат оперирани во нивната родна земја.

Операцијата траела цел еден ден и во неа биле вклучени седум хирурзи, од кои четворица хирурузи-педијатри и тројца пластични хирурзи. Екипата била раководена од професорот Ив Егрен, која прво ги разделила органите кои ги делеле близнаците, како црниот дроб и 30 сантиметри од цревата. Симболично последната „нитка“ која физички ги поврзувала близанците, ја пресекол докторот кој ги донел на свет, Даниел Агбо-Панзо од Гвинеја.

Двете бебиња сега се како двајца нормални близнаци. За неколку недели тие ќе се вратат со нивната мајка дома во Конарки, каде ги чекаат тројцата други браќа и сестра.

Професорот Ив Егрен во март објаснуваше за неделникот „Нувел Обс“, дека за седум години во неговата болница Некер биле извршени три успешни операции на разделување на сијамски близнаци. Претходно биле оперирани уште осум други двојки на близнаци во претходните десет години, при што не е забележена смртност.

Според објаснувањата на професорот, некои од овие деца ќе имаат трајни и значајни последици за квалитетот на нивниот живот, а некои ќе имаат потреба од нови хируршки интервенции.

– Ние препорачуваме една интервенција меѓу три и шест месеци, што не значи дека подоцна нема да има потреба, но психолошките последици се поголеми, завршува Ив Егрен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top