Штотуку одвоените сијамски близанци Џадон и Аниас кои имаат само 13 месеци, успешно закрепнуваат во болница во Њујорк, после тешката операција на раздвојување која траела цели 20 часа.
Лекарите велат дека се лучило чудо кога во ист момент ги отвроиле очите будејќи се од анестезија.
Операција чинела 2,5 милиони долари.
Џадон подобро ја поднел опрацијата. Ден по операцијата почнал да ја движи раката. Аниас е во полоша состојба, со чести аритмии на срцето.
Нивната мајка бројните следбеници на Фејсбук длабоко ги погоди со следниве зборови:
-Отсекогаш ве гледав како да сте раздвоени, и тоа што сте сега две физички лица, мене не ми претставува разлика. Толку многу ве сакам. Сега е време да отвориме ново поглавје во животот. Подготвена сум за таа борба, а знам дека сте и вие – напишала на Фејсбук, мајката на близнаците, Никол Мекдоналд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.