| четврток, 6 декември 2018 |

Ивица Обрван го објави списокот за дуелите со Швајцарија и со Чешка, повратници се Вугринец и Димитриевски

Селекторот на машката ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави поширокиот список на репрезентативци на кои ќе смета за двата важни дуела од квалификациите за ЕП 2016 против Швајцарија и Чешка.

На списокот има дури 28 ракометари, од кои треба да испаднат 12 за да се добие конечниот состав на репрезентацијата. Повратници во репрезентацијата се натурализираниот Македонец Ренато Вугринец и Дарко Димитриевски. Во составот е и Филип Миркуловски, кој има повреда.

Се очекува националниот состав да го предводи Кире Лазаров, кој синоќа ја освои Лигата на шампионите со Барселона иако играше помалку од 10 минути откако се пожали на повреда на скочниот зглоб.

Првиот собир репрезентативците ќе го имаат на 8 јуни, а два дена подоцна се игра дуелот против Швајцарија во Сент Гален. Четири дена подоцна Македонија ќе ја пречека Чешка во Скопје.

На списокот на селекторот Ивица Обрван се наоѓаат следниве ракометари:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Петре Ангелов, Стефан Кимевски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Влатко Недановски

Пивотмени: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски

Бекови: Милорад Кукоски, Наумче Мојсовски, Филип Лазаров, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Филип Талески, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Ренато Вугринец, Горан Кузмановски, Дарко Димитриевски, Никола Стојчевски, Влатко Мирков, Лазо Мајнов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top