| четврток, 6 декември 2018 |

Студиото за танц „Денсерс јунајтед МК“ урива бариери

Во сту­ди­о­то има око­лу 300 актив­ни чле­но­ви на си­те про­гра­ми за­ед­но, а гру­па­та за ли­ца со Да­у­нов син­дром брои око­лу 30 и во неа се вклу­че­ни ли­ца на раз­лич­на во­зраст. Тие го ко­ри­стат тан­цот ка­ко ала­тка за да го изра­зат ду­хов­но­то во се­бе. По­све­те­ни се на за­да­чи­те кои со за­до­волс­тво ги ис­пол­ну­ва­ат. Од нив мо­же да се на­у­чи кол­ку да се це­нат ма­ли­те ра­бо­ти, а при­тоа кои се­којд­нев­ни ра­бо­ти да ги ста­ва­ме во спо­ред­на уло­га Тие ми се го­лем мо­тив во жи­во­тот, а јас се­ко­гаш ќе гле­дам пре­ку тан­цот да ја раз­ви­вам све­ста за оваа ка­те­го­ри­ја лу­ѓе, ве­ли Са­ра Ко­чан

Ли­ца со Да­у­нов син­дром тан­цу­ва­ат на ме­га­хи­тот „Happy“, среќ­ни, ве­се­ли, нас­ме­а­ни. Ги сле­дат че­ко­ри­те што им ги по­ка­жу­ва Са­ра Ко­чан, ин­стру­ктор­ка­та и ди­ре­ктор­ка на сту­ди­о­то за танц „Ден­серс ју­нај­тед МК“ (Dancers united МК), ужи­ва­ат во му­зи­ка­та и во за­ба­ва­та. И тоа не им е прв­пат. По­ве­ќе од ед­на го­ди­на ги учат че­ко­ри­те, тан­цу­ва­ат, се за­ба­ву­ва­ат, учес­тву­ва­ат на нат­пре­ва­ри.

IMG_2630 (Custom)

„Ден­серс ју­нај­тед МК“ беа дел од на­ста­нот кој се одр­жа ми­на­та­та не­де­ла во Град­ски парк, кај Школ­ка. Се ор­га­ни­зи­ра­ше пик­ник на кој има­ше дру­же­ње, уба­ва му­зи­ка и вкус­на хра­на. Тан­цу­ваа и ли­ца­та со Да­у­нов син­дром што го по­се­ту­ва­ат ова сту­дио, кое пре­зе­ма че­ко­ри за зго­ле­му­ва­ње на вер­ба­та во спо­соб­но­сти­те и ве­шти­ни­те на ли­ца­та со Да­у­нов син­дром. Ко­чан ве­ру­ва де­ка тие ли­ца има­ат пра­во и мо­жат да ос­тва­рат ис­пол­нет жи­вот, дла­бо­ки при­ја­телс­тва и да го збо­га­тат жи­во­тот. Пре­ку игра и за­ба­ва се со­би­раа средс­тва, кои се до­ни­раа за под­др­шка на ли­ца­та со Да­у­нов син­дром и за под­др­шка на тан­цу­вач­ки­те актив­но­сти во ид­ни­на. Сло­га­нот на пик­ни­кот бе­ше „За­поз­нај­те ги раз­лич­но­сти­те“.

IMG_2162 (Custom)

– Ху­ма­ни­тар­ни­от пик­ник во не­де­ла­та бе­ше еден од ни­за­та на­ста­ни на кои учес­тву­вав­ме со ли­ца­та со Да­у­нов син­дром, а средс­тва­та што ги со­брав­ме од до­на­ци­и­те ќе ги на­ме­ни­ме за лет­ни­от тан­цов камп. Се­ко­ја до­на­ци­ја вклу­чу­ва­ше ва­у­чер со кој мо­же­ше да се обез­бе­ди оброк за пик­ник. Па, та­ка пре­ку од­лич­на му­зи­ка, вкус­на хра­на и лад­ни пи­ја­ла­ци ужи­вав­ме во тан­цо­ви­те пре­зен­та­ции на ли­ца­та со Да­у­нов син­дром. Од­лич­но дру­же­ње пред сѐ и ве­ру­вам де­ка ќе има уште мно­гу ва­кви на­ста­ни и де­ка уште мно­гу ор­га­ни­за­ции ќе го сле­дат при­ме­рот на асо­ци­ја­ци­ја­та „Алум­ни“. Овој на­стан раз­бу­ди го­лем ин­те­рес и бе­скрај­но сум му бла­го­дар­на на це­ли­от тим што бе­ше вклу­чен и до­ве­де до ус­пеш­на ре­а­ли­за­ци­ја на овој про­ект – ве­ли Ко­чан.

За Ко­чан ра­бо­та­та со овие ли­ца е го­лем пре­диз­вик и жел­ба ко­ја тле­е­ла во неа мно­гу одам­на, уште пред да се отво­ри шко­ла­та за танц. Со овие ли­ца таа ра­бо­ти по­ве­ќе од ед­на го­ди­на.

10426539_10152854248477424_9152240719652718061_n

– Си­те ние сме раз­лич­ни на свој на­чин, но тоа не зна­чи де­ка ед­на та­ква ка­те­го­ри­ја ли­ца тре­ба да би­дат за­по­ста­ве­ни по­ра­ди не­ко­ја раз­ли­ка. За жал, тие не се вклу­че­ни во мно­гу сфе­ри. Мо­ја­та цел бе­ше да до­ка­жам де­ка со нив мо­же да се по­стиг­не го­лем на­пре­док до­кол­ку се ра­бо­ти по­све­те­но и од­го­вор­но. Со нив ра­бо­ти­ме по­ве­ќе од ед­на го­ди­на, ни­же­ме го­ле­ми про­е­кти кои ги ре­а­ли­зи­ра­ме со нив. До­се­га од ре­а­ли­зи­ра­ни­те на­ста­ни ќе ги на­ве­дам: Инк­лу­зив­ни­от тан­цов фе­сти­вал, Зим­ски­от камп за ли­ца со Да­у­нов син­дром, Ба­лот на раз­лич­но­сти, Флеш моб во „Си­ти мол“ и мно­гу дру­ги. Пре­крас­но е да се ра­бо­ти со нив, ин­те­рес­но е тоа ка­ко тие гле­да­ат на тан­цот и на­чи­нот на кој тие се изра­зу­ва­ат пре­ку не­го. Прв­пат ме­ѓу нив се нај­доа и др­жав­ни пр­ва­ци во ка­те­го­ри­ја­та па­ра­танц на Др­жав­но­то пр­венс­тво овој ме­сец во ор­га­ни­за­ци­ја на Ма­ке­дон­ска­та асо­ци­ја­ци­ја за мо­дер­ни тан­ци, ка­де што на на­ше ба­ра­ње Асо­ци­ја­ци­ја­та прв­пат отво­ри нат­пре­ва­ру­ва­ње за оваа ка­те­го­ри­ја ли­ца. Би­деј­ќи це­ли­ме за нив­но вклу­чу­ва­ње во оп­штес­тво­то, са­ма­та тан­цо­ва про­гра­ма во по­го­лем дел од про­е­кти­те ги вклу­чу­ва ли­ца­та со Да­у­нов син­дром за­ед­но со тан­ча­ри­те со ти­пи­чен раз­вој – об­јас­ну­ва Ко­чан.

Сту­ди­о­то „Ден­серс ју­нај­тед МК“ е ос­но­ва­но во сеп­тем­ври 2013 го­ди­на. Има спе­ци­јал­но опре­ме­ни три са­ли на­ме­не­ти за тан­ци.

10885337_10153344786609254_6985499750842383560_n

– На­ше­то сту­дио ну­ди про­гра­ми за де­ца и за во­зрас­ни, и при­тоа ну­ди­ме раз­но­вид­ност што се од­не­су­ва до про­гра­ми­те. За де­ца и за ју­ни­о­ри во мо­мен­тов се нај­а­кту­ел­ни ла­тин­ско­а­ме­ри­кан­ски­те тан­ци, ба­ле­тот и про­гра­ма­та хип-хоп. Про­гра­ми­те што ги ну­ди­ме за во­зрас­ни се ла­тин­ско­а­ме­ри­кан­ски танц (по­чет­ни и на­пред­ни гру­пи), зум­ба, фит-ае­ро­бик, стре­чинг, пи­ло­ксинг и бур­леск. Во на­ша­та ре­дов­на деј­ност вклу­чу­ва­ме и ча­со­ви за де­ца со преч­ки во раз­во­јот и ли­ца со Да­у­нов син­дром. Ли­ста­та на про­гра­ми по­сто­ја­но ја на­до­пол­ну­ва­ме и се­ко­гаш гле­да­ме да од­го­ва­ра­ме на ба­ра­ња­та на на­ши­те чле­но­ви – об­јас­ну­ва ди­ре­ктор­ка­та на сту­ди­о­то.

Во сту­ди­о­то има око­лу 300 актив­ни чле­но­ви на си­те про­гра­ми за­ед­но и таа број­ка ва­ри­ра пер­и­о­дич­но. Што се од­не­су­ва до гру­па­та за ли­ца со Да­у­нов син­дром, таа брои око­лу 30 ли­ца и во неа се вклу­че­ни ли­ца на раз­лич­на во­зраст.

– До­се­га сум не­ма­ла ло­шо искус­тво – тоа збо­ру­ва са­мо по се­бе. Пре­ку ра­бо­та­та со овие ли­ца се над­гра­ду­вам и јас. Од нив мо­же да се на­у­чи кол­ку да се це­нат ма­ли­те ра­бо­ти што нѐ пра­ват среќ­ни, а при­тоа кои се­којд­нев­ни ра­бо­ти да ги ста­ва­ме во спо­ред­на уло­га. Сре­ќа­та се гле­да на нив­ни­те ли­ца за вре­ме на ча­со­ви­те за танц. Тан­цот го ко­ри­стат ка­ко ала­тка за да го изра­зат ду­хов­но­то во се­бе. Ме ра­ду­ва што се по­све­те­ни на за­да­чи­те и ги ис­пол­ну­ва­ат. Ние за­ед­но се бо­дри­ме и за­ед­но ги ури­ва­ме ба­ри­е­ри­те. Тие ми се еден го­лем мо­тив во жи­во­тот, а јас се­ко­гаш ќе гле­дам пре­ку тан­цот да ја раз­ви­вам све­ста за оваа ка­те­го­ри­ја ли­ца – за­вр­шу­ва Ко­чан, ди­ре­ктор­ка на „Ден­серс ју­нај­тед МК“.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top