Кога ќе помислам на одредени кругови, апологетски настроени кон опозициските афери и кога констерниран ќе се соочам со нивниот застрашувачки фанатизам, воедно свесен за нивните крајно ограничени капацитети, и во морална и во интелектуална смисла, со нивната очајна немоќ, со таа ужасна неспособност за соочување со реалноста, воедно, со нивната бесрамна упорност, со вулгарноста им, со нивните недолични планови за преземање на власта на најнелегитимен начин, со предавство и со итрости, подмолни, недостојни и за најмизерниот створ, што едвај човек може да се нарече, тогаш немам друг термин, друга споредба, освен онаа која упатува на феноменот на лигавците.
Тоа не се оние биолошки лигавци што во синџирот на еволуцијата ги спроведуваат своите детерминирачки дејства. Повеќе би го евоцирал оној етички аспект на лигавецот, оној грозен и грд тип на поведение од кое ви се гади, па дури и внесува одредени агресивни чувства во вас кои едвај можете да ги контролирате.
Тоа, всушност, е принципот на индукција на една патолошка иницијација, при која безумникот напаѓа кон вас како бесно животно и единствен начин како да се спасите од неговата смртоносна челуст е да го елиминирате.
Но, вашиот морал, вашата совест, вашата емпатија и сочувство кон овие болни од ментална болест, онаа од најагресивната провиниенција, конечно, ве тера да се повлечете, да избегате безмалку безглаво од ваквите извори на зараза, која, доколку ве зафати, ќе станете исти како нив по болеста и неразумноста, но со спротивна од нив идеолошка преференција, па можете со целата растроеност од вашата одвратност кон овие несносни лигавци да удрите по нив, претворајќи ги во една голема пача или желе – ако сакате по француски.
Ете, колку напор човек мора да потроши за да си го сочува интегритетот, за да си ги обезбеди мирот и хармонијата.
Но, до кога и до каде?
Додека овие лигавци на опозицијата, занесени со некакви инфантилни револуционерни идеи, револуција во свилени ракавици, револуција со кеси полни артикли од локалните супермаркети, револуција со радикален простаклак и со вулгаризација на која било реторика што тендира кон некаква логичност или сугестивност на аргументацијата, револуција со нивните тајни сметки во далечните држави, револуција со крв и разорување, револуција на буништето на животот, револуција во кловновски униформи, револуција на сламени страшила и со гротескни ликови, револуција на презрени и ступидни проститутки, на патетични оговорачки, на празноглави франкенштајновски чудовишта, на револуции со карактери слични на фазани и тетреби, со грозни револуции во кои целата нивна лигава личност се бори за она за што никогаш нема да добие шанса да го има. Значи, додека овие дегенерирани изроди од сето она што е хумано и доблесно се обидуваат со немушт револуционерен преврат да се искачат на престолот што власт значи, сите нормални, обични, мирољубиви, правдољубиви, морални и конструктивни граѓани треба да бидат во одреден тип на стрес, во скрб и константно внимание, случајно да не налетаат на некој од овие збеснати, самољубиви и тотално невоспитани гадови, на овие лигавци, од кои ви се превртува утробата од степенот на нивната пакост и злоба.
Како протерувањето на демонската легија во она стадо свињи, што Христот го стори за да го ослободи од опседнатоста лудакот, што ги тормозеше локалните жители, а тие, пак, свињите, отидоа во сиуцид, давејќи се во ближната вода, воедно правејќи го тоа поради неподносливата состојба на свест, на таа ужасна душевна болка и во смртта, барем, да го најдат мирот. Е, како оние демони, што излегоа од свињите во часот на нивното давење, да се напикаа во главите на овие подемончени луѓе, во овие сироти заробени души, во овие опседнати, од ужасни бесови, личности.
Или се работи за предестинација, за карма, за судбина, за една генеза на луѓе опседнати од сопствениот егоизам и самољубие, од опортунизмот со најанимални предиспозиции.
Но, тие имаат еден совршено прецизен сензор за насетување на феноменот на моќта. Тоа не се класични или, ако сакате, клинички умоболници, кои раскрстиле со реалноста на најрадикален начин и најбескомпромисно со една, навидум, спасоносна цел да се создаде посебен и изолиран свет, кој ќе биде прифатлив и конфорен за нив самите, без оглед на степенот на неговата алиенираност и зачудност, па дури и автентичност. Ова се сосема поинаков тип на пореметени, во умот, суштества на сосема рационални персони кога се работи за пари, за бенефит, за моќ, за додворување на силниот, за едно несносно лигавење за да се дојде до профит и до позиција.
Овие лудаци имаат пакт со силите на пеколот, овие опортунисти ја сакаат власта така патолошки и фанатично, што се во состојба да ги скршат сите општествени договори и сите морални норми.
Сепак, никако да ја дофатат моќта што поради недостиг од харизма, што од недостиг на интелектуалност и креативност, што од нивната недоветност поради ноторната антипатична сервилност, можеби им недостасува нешто суштинско, нешто без кое не може да се биде човек во вистинската смисла на овој збор.
Но, најверојатно е во прашање нивната одвратна лигавост. Нивната историја на лигавење се следи длабоко во минатото. Тоа се сапрофити кои можат да се реализираат како релевантни фактори исклучиво во субмисивни и сервилни релации во некој значаен и моќен.
Шеесет години го тормозеа народот, држејќи се за фалусот на белградскиот политички Полифем.
Кога овој ислужен балкански киклоп беше кутнат од моќниот пиштолџија што дојде од другата страна на Атлантикот, тие веднаш му се пуштија и како збудалени фатија да му ги лижат чизмите, нудејќи ги сите можни услуги и дејанија во име на малку наклонетост и за грст долари.
Навистина се несносни нивните методи, нивниот стил, нивната неинвентивност, нивната грозна себичност. Навистина се штетни загадувачи на општествените афери. Овие лигавци, овие невидени промашувања на човековата еволуција.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



