| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс по целосен пресврт стигна до победата над Азаренка

French Open tennis tournament at Roland Garros

Првиот светски рекет, Американката Серена Вилијамс успеа по тешка борба да слави победа во третото коло на Ролан Гарос над Викторија Азаренка.

Таа беше поуспешна од Азаренка со 2-1 (3-6, 6-4, 6-2) во сетови и по целосен пресврт се пласираше во осминафиналето. Белорусинката добро го почна мечот, направи брејк и сосема заслужено го освои првиот сет. И во вториот сет Азаренка беше во предност и имаше резултат 4-2, но Серена се разбуди и успеа со четири гема по ред да го израмни резултатот.
Третиот сет продолжи со домининација на Американката и сосема заслужено се пласираше во следното коло. Таму, ќе игра со својата сонародничка Слоун Стивенс која со 2-0 во сетови беше подобра од Цветанка Пиронкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top