| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележана 562-годишнината од отоманското освојување

османлии
Стотици илјади граѓани вчера во Истанбул ја одбележаа 562-годишнината од османлиското освојување на градот.Султанот Мехмед Втори, како 21-годишно момче на 29 мај 1453 година го освои Цариград, што значеше пад на Византиското царство. На свечаноста, 562 војници беа облечени во униформи на отоманската војска, а оркестарот изведуваше воени песни.

Вчерашната церемонија беше предводена од турскиот претседател и премиер, Реџеп Таип Ердоган и Ахмет Давутоглу. Насобраниот народ извикуваше пароли за поддршка на Ердоган.

Церемонијата, одржана само една недела пред парламентарните избори, оценета е како „една од најголемите прослави во модерната историја на Турција“.

Согласно турскиот Устав, претседателот на државата не треба да зазема политичка страна, но како наближуваат изборите (7 јуни) тој е се поактивен во политичкиот живот. Ердоган е на власт повеќе од десет години и сака неговата владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претстојните  избори да освои двотретинско мнозинство во Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top