| четврток, 6 декември 2018 |

15 начини да ја освоите секоја девојка

На многу мажи никогаш не им е јасно на кој начин треба да ѝ пристапат на жена, поради што пропуштаат многу шанси да ја заведат онаа која многу им се допаѓа. Овие 15 совети ќе ви помогнат повеќе да не правите грешки со жените кои сакате да ги привлечете, потврдени се од многу припаднички на понежниот пол.

1. Треба да разговарате на „емотивни“ теми, како што се вашите спомени од детството, идните амбиции или за нејзината страст во животот. Ваквите разговори ќе ја разбудат нејзината емотивна страна.

2. Жените сакаат покрај себе да имаат момче кое не се плаши да ја предводи. Додека зборувате со девојката којашто ви се допаѓа, преземете ја контролата врз разговорот. Никогаш не чекајте таа да ја диктира темата на која ќе зборувате.

3. Обрнете внимание на невербалните сигнали кои ви ги испраќа девојката. Доколку стоите премногу блиску до неа, не сакајќи плукате накај неа додека зборувате или правите да се чувствува непријатно на кој било начин, таа ќе ви испрати некакви невербални знаци, со говорот на телото. Обрнете внимание на нив, за да знаете дали сте на прав пат кон освојување на нејзиното срце.

4. Запомнете го мотото: „Бидете забавни, но не и смешни“. Жените ги привлекуваат мажи кои им дозволуваат да се забавуваат. Немојте да се концентрирате, кажувајќи ги најдобрите шеги и вицеви. Наместо тоа, концентрирајте се да ѝ ја покажете вашата возбуда и уживањето во нејзиното друштво.

5Задевајте ги жените. Еден од најлесните начини да го одведете разговорот кон едно забавно и флертувачко ниво, е да започнете да ги задевате и закачкате жените. Вратете се назад во времето кога бевте дете и си игравте на игралиштето. Во светот на љубовта и состанувањето ќе биде ефикасно сето она што било ефикасно и на игралиштето.

6Бидете поинтимни, поблиски со неа. Жените се „палат“ на мажи кои не се плашат да го одведат разговорот на лично, поинтимно ниво.

7. Заведете ја играјќи игра на погодување, каква личност е таа. Жените сакаат да слушнат какво мислење имате за неа. Кажете ѝ што забележувате кај неа. Верувајте, ќе го обожава тоа.

8Избегнувајте премногу да ѝ делите комплименти. Жените не ги привлекуваат мажи кои постојано сакаат да го покренуваат вниманието. Доколку ѝ давате премногу комплименти на жена, таа ќе помисли дека сакате да ја импресионирате, а со тоа ќе постигнете само спротивен ефект.

9. Доколку сакате да научите како да разговарате со неа, а притоа да не ѝ станете досаден, имајте на ум дека не треба да ѝ поставувате премногу прашања како да е на интервју. Наместо тоа, изразете го вашето мислење и ставови за работите.

10. Запомнете: давајте изјави наместо да поставувате прашања! Па така, наместо да ја прашате: „Во кој град порасна?“, речете: „Не изгледаш како да имаш израснато овде.“ Ова ви овозможува да покажете кој е вашиот карактер и да правите претпоставки за неа, на кои таа со овој пристап, со задоволство ќе ви одговори дали се точни или не.

11Немојте да го криете вашиот идентитет. Не плашете се да разговарате со неа за сето она за коешто чувствувате страст во животот. Жените сакаат возбудливи теми на разговор.

12. Кажете ѝ нешто со кое ќе ѝ дадете на знаење дека ја доживувате на „сексуален“ начин. Доколку не го сторите тоа, ризикувате да останете само во пријателската „зона“.

13Забавувајте се со некои разговорни игри од типот на „Вистина или предизвик“ за да го одржите расположението и флертот на добро ниво.

14Не предавајте ѝ се многу лесно. Жените сакаат мажи кои им поставуваат предизвик. Доколку сакате некоја да остане заинтересирана за вас, треба да направите да се почувствува како полека, но сигурно ви го освојува срцето. Доколку мисли дека сте премногу лесна цел… брзо ќе го изгуби интересот за вас.

15. И за крај, најдобриот начин на размислување за тоа како треба да разговарате со жена за да го освоите нејзиното срце, е да помислите во каков забавен, разигран и сексуален разговор, најмногу вие би уживале. Заведувањето не треба да биде нешто тешко кое ќе ви создава притисок. Единствено треба да бидете свесни за она што ги „пали“ и она што не ги „пали“, а тоа кај жените секогаш се оцртува на нивното лице. Треба само внимателно да ја гледате и слушате. Следете ја оваа листа и со сигурност ќе поминете одлично на вашиот следен состанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top