| четврток, 6 декември 2018 |

Корисни трикови со кои ќе го освоите секој хороскопски знак

Некои луѓе паѓаат на убави зборови, некои на подароци, некои на романтика, а што вас може да ве освои?

насловна хороскоп

Овен

Кај  овој знак не помага многу нежност и убави зборив. Морате да бидете  исклучително стабилна, цврста личност, која секога е подготвена за акција, тоа единствено ќе запали.

Бик

Најдобриот начин да го освоите овој знак е да подготвите добра вечера сервирана со добро вино. Исто така морате да бидете фини, полека покажете му што сакате, Биковите не сакаат изненадувања.

svece-vecera-izlazak-case-foto-profimedia-1427374642-629424

Близнаци

Морате да бидете отворени, комуникативни, брзо да размислувате. Најдобро е да ги изненадите и освоите на брзина.

Рак

На нив им е важно да слушаат  нови работи кои вие ќе им ги раскажувате. Ако сте мајстор за приказни, ако имате стил за патетитка, лесно ќе го освоите Ракот.

Лав

Лавовите сакаат раскош и подароци. Би било добро да ги  изненадите така што ќе организирате голема забава, ќе го поканите на концерт, ќе го почестите со летување.

poklon-dar-dan-zaljubljenih-foto-profimedia-1423817870-612102

Девица

Најважно е да сте педантни и секоја ситница да е на свое место. Доколку оставите впечаток дека одредени детали на вас стојат перфектно, веќе сте го освоиле припадникот на  овој знак.

Вага

Кај  Вагите е најважно да ги покажете фините манири како и доза на хумор но никако не треба да брзате со иницијатива.

Шкорпија

Тука пред се мора да постои хемија. Ако и се допаднете на Шкорпијата веднаш ќе знаете тука не е потребна голема мудрост и логика.

seks-muskarci-ljubav-govor-tela-komunikacija-flert-muvanje-neverbalna-kom-1438310875-711195

Стрелец

Треба да бидете колку е можно релаксирани и оптимистични, а важно е да умеете  да го покажете  детето во вас и лесно ќе го освоите Стрелецот.

Јарец

Тие бараат стабилност, така што им е важно колку работно и материјално сте успешни. Тоа за нив е приоритет. Ако тука не сте стабилни, можете да го освоите Јарецот но тоа е доста тежок  пат.

zaljubljeni-foto-profimedia-1447682556-785401

Водолија

За нив е важно да се постојано опкружени со друштво. Ги привлекува оригиналност и креативност. Нив никако не смеете да ги ограничувате и да им филозофирате.

Риби

Тие сакаат музика, вино, прошетки. Морате да бидете романтични, нежни и што повеќе да им раскажувате за себе и за тоа што сакате да остварите со нив и ќе ги освоите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top