Вчерашната церемонија беше предводена од турскиот претседател и премиер, Реџеп Таип Ердоган и Ахмет Давутоглу. Насобраниот народ извикуваше пароли за поддршка на Ердоган.
Церемонијата, одржана само една недела пред парламентарните избори, оценета е како „една од најголемите прослави во модерната историја на Турција“.
Согласно турскиот Устав, претседателот на државата не треба да зазема политичка страна, но како наближуваат изборите (7 јуни) тој е се поактивен во политичкиот живот. Ердоган е на власт повеќе од десет години и сака неговата владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претстојните избори да освои двотретинско мнозинство во Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.