Најдобриот тенисер на земјени терени Рафаел Надал со денешната победа во третото коло на Ролан Гарос ја оствари јубилејната 70.победа победувајќи го Русинот Андреј Кузњецов лесно со 3-0 (6-1, 6-3, 6-2) во сетови.
Во осминафиналето Надал ќе се сретне со Американецот Џон Сок кој беше подобар од хрватската тинеџерска надеж Борна Чориќ истотака со 3-0.
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ експресно со 3-0 во сетови госовлада австралискиот тенисер Танаси Конинакис. Ѓоковиќ рутински во секој сет славеше со 6-4 и се пласира меѓу 16-те најдобри на Ролан Гарос. Енди Мареј со 3-0 во сетови го совлада Ник Киргиос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.