| четврток, 6 декември 2018 |

Иран: Не доаѓа предвид разговори со ирански научници и армијата

Iranian students form human chain around Uranium Conversion Facility in Isfahan, south of capital, Tehran.Не доаѓа предвид во финалната верзија од договорот на Иран со светски сили да се најде опција за испрашување ирански научници и инспекција на војска на лице место. Тоа го нагласи Абас Арагчи висок ирански преговарач.

Неговиот коментар е даден откако иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Зариф и американскиот колега Џон Кери во Женева почнаа преговори во обид да состават историски договор за иранската спорна нуклеарна програма, пред крајниот рок – 30 јуни.

Нуклеарните преговори на Иран со Групата 5+1 (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија) почнаа во крајот на 2013 година и насочени се кон постигнување договор за нуклеарната програма на Техеран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top