Не доаѓа предвид во финалната верзија од договорот на Иран со светски сили да се најде опција за испрашување ирански научници и инспекција на војска на лице место. Тоа го нагласи Абас Арагчи висок ирански преговарач.
Неговиот коментар е даден откако иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Зариф и американскиот колега Џон Кери во Женева почнаа преговори во обид да состават историски договор за иранската спорна нуклеарна програма, пред крајниот рок – 30 јуни.
Нуклеарните преговори на Иран со Групата 5+1 (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија) почнаа во крајот на 2013 година и насочени се кон постигнување договор за нуклеарната програма на Техеран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.