| четврток, 6 декември 2018 |

Англиската фудбалска асоцијација му се заканува на Сеп Блатер

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) и нејзниот претседател Грег Дајк, му се заканија на Јосеп Сеп Блатер, дека ќе „доживее шок“ и покрај неговиот повторен избор за претседател на ФИФА.

– Работата се уште не е завршена. Третина од делегатите на Конгресот во Цирих (кој глсаа против Блатер)  покажаа дека им е доста од неговите неуспеси да се справи со корупцијата„- изјави Дајк, порачувајќи му на старо-новиот претседател дека ќе биде „изненадување доколку Блатер остане на функцијата во следните две години“.

Блатер беше избран вчера, по пети пат едно по друго , за претседател на Светската фудбалска федерација, освојувајќи безмалку две третини од гласовите на делегаите на Конгерсот, во првиот круг гласање.Вториот не се ни одржа затоа што неговиот противкандидат, јорданскиот принц Али Бин ал Хусеин, кој доби 73 гласови, се повлече од изборната трка.

Поддршка за 39 годишниот принц му дадоа само дел од европските делегати и од арапските земји и САД, откако УЕФА со соопштение пред избрното собрание, побара од Блатер да се повлече.

Неговиот најнов избор, помина во сенката на корупцискиот скандал што го предизвика американското ФБИ, давајќи меѓународен налог за апсење на седумина поранешни и сегашни функционери на ФИФА и покренувајќи истрага за 14 други функционери.

Сите се осомничени за земање поткуп и за перење пари преку американските банки, при определувањето домаќини на разни меѓународни фудбалски натпреварувања, во изминатите дваесетина години.Блатер не е меѓу осомничените, но отворањето на скандалот, на само два дена пред почетокот на Конгресот, предизвика контроверзи и политички поделби.

Посебно остри реакции на аферата и на повторниот избор на Блатер доаѓаат од САД и од Велика Британија. Весникот „Њујорк Тајмс„ најавува дека истрагата за корупцијата се продлабочува и навестува дека ќе има нови обвнинувања за фудбалски функционери.Од Лондон, британскиот премиер одново побара од Блатер да си замине, но рускиот претседател, уште синоќа му испрати честитка на старо-новиот претседател.Официјална Москва уште вчера ги обвини САД за обид, насила да се собори Блатер.

Во изјава за швајцарската телевизија, Блатер изрази шокиранст од „кампањата за омраза„ во Европа и УЕФА, тврдејќи дека извршените апсења се обид да се влијае врз работата на Конгресот.

Блатер потсетува дека САД беа главен критичар (на ФИФА) откако Катар ја доби организацијата на Светското првенство во фидбал во 2022 година, а Американците беа еден од кандидатите, додека Англија беше кандидат за првенството во 2018 година, а на гласањето победи Русија.Според Блатер, токму САД е главниот спонзор на кандидатурата на јорданскиот принц.

Покрај претседателот на ФА, Дајк, со закани кон Блатер се огласи и претседателот на фудбалската федерација на Ирска, Џон Делани.„Ова е почеток на крајот на Блатер„ порача од Даблин, Делани.

Грег Дајк е поранешен генерален директор на ББЦ кој беше приморан да поднесе оставка, откако се откри директната вмешаност на компанијата во аферата со смрта на британскиот експерт за оружје за масовно уништување, Дејвид Кели.

Уредништвото на ББЦ го користеше Кели за да се обвинува тогашниот премиер Тони Блер за ирачката интервенција, а во јавноста се даваа изјави дека тие немаат контакти со експертот кој ,подоцна, откако виде дека е искористен за политички пресметки, се самоуби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top