| четврток, 6 декември 2018 |

Летаат суспензии во ФИФА, на тенок мраз и Мишел Платини

blater i platini

Летаат суспензии во ФИФА, а на тенок мраз со казна од 90 дена се најде и претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

Во ерата на најголемата криза во ФИФА не е поштеден ниту првиот човек на европскиот фудбал, а и тој доби идентична казна како и престедателот на ФИФА Сеп Блатер. Етичката комисија на ФИФА ја врати надежта во почитување на моралот во фудбалот и нема милост кон никого. Не се поштедени ниту големците Блатер и Платини, потоа и Генералниот секретар Валк, потпретседателот Монг-Џун. Сите со сомневање за мито и корупција, нешто што е јавна тајна и долго време постои во двете најголеми фудбалски организации на планетата.

Етичката комисија пишува казни, а симпатизерите на најважната споредна работа на светот, конечно можат да бидат барем малку задоволни. Криминалните дејанија се казнуваат, се покажува јавно дека недопирливи нема, а најинтересното прашање е кој моментно раководи со ФИФА и со УЕФА?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top