| четврток, 6 декември 2018 |

Трајче меѓу најдобрите 20 во „Пинкови ѕвездички“ (ВИДЕО)

trajce

Талентираниот струмичанец Трајче Георгиев со 5 гласови се пласираше меѓу најдобрите 20 натпреварувачи и го продолжи натпреварувањето во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Трајче настапи со „Nobody’s Perfect“ од британската пејачка Џеси Џеј, песна со која повторно доби одлични коментари од жирито.

– Јас обожавам како пее. Иако имаше падови и успеси низ ова шоу тоа е Трајче, тој е автентичен. Овие украси кои тој ги изведува се многу тешки, особено за момче. Би сакала да работиш на таа дарба, да уживаш повеќе и да се опуштиш – му рече Јелена Томашевиќ.

– Јас очекувам уште повеќе од тебе. Тоа е тоа што слушаш, што го сакаш и што го пееш. Пеам заедно со тебе и уживам – искоментира Милан.

-По 38 емисии, дали нешто разбра од тоа што ти го зборуваме – низ насмевка го праша Гоца и додаде супер беше.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top