Талентираниот струмичанец Трајче Георгиев со 5 гласови се пласираше меѓу најдобрите 20 натпреварувачи и го продолжи натпреварувањето во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Трајче настапи со „Nobody’s Perfect“ од британската пејачка Џеси Џеј, песна со која повторно доби одлични коментари од жирито.
– Јас обожавам како пее. Иако имаше падови и успеси низ ова шоу тоа е Трајче, тој е автентичен. Овие украси кои тој ги изведува се многу тешки, особено за момче. Би сакала да работиш на таа дарба, да уживаш повеќе и да се опуштиш – му рече Јелена Томашевиќ.
– Јас очекувам уште повеќе од тебе. Тоа е тоа што слушаш, што го сакаш и што го пееш. Пеам заедно со тебе и уживам – искоментира Милан.
-По 38 емисии, дали нешто разбра од тоа што ти го зборуваме – низ насмевка го праша Гоца и додаде супер беше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)