| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерот што го победи ракот и го спаси тимот од испаѓање, отпуштен од Њукасл

Сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли направи непопуларен потег откако не го продолжи договорот на миленикот на публиката, Џонас Гутиерез. Тој по долга борба успеа да го победи ракот на тестисите, да се врати на фудбалот и да постигне гол во клучниот натпревар за опстанок во Премиер лигата. И покрај барањата на навивачите чиј миленик е Гутиерез, Ешли не потпиша нов договор со аргентинецот кој му истекува на крајот на сезоната. Иста судбина доживеа и Рајан Тејлор, фудбалерот кој двапати се враќаше на терените откако долго отсуствуваше поради сериозни повреди и скинати лигаменти на коленото.

Се уште не е познато каде тој би можел да ја продолжи кариерата, но многу веројатно е дека ќе се врати во родната Аргентина.

– Две работи научив од мојата болест. Како можеш да поддржиш фудбалер (навивачите на Њукасл) и како можеш да оставиш фудбалер да биде осамен (сопственикот на Њукасл) – прокомнетира Гутиерез на својот твитер профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top