| четврток, 6 декември 2018 |

Мултинационалните компании ќе плаќаат поголеми даноци

ек

Европската комисија сака да спречи агресивните планови за даночните обврски со кои се служат мултинационалните корпорации, како што е префрлање на добивката во земјите со најмал данок на добивка, односно договарање со поволни даночни аранжмани.Токму затоа Европската комисија предложи план на нови даночни мерки кои со кои сака да го ограничи просторот на мултинационалните компании за намалување на даночните обврски преку “креативно сметководство#. Комисијата се подготвува целосниот план на новите мерки во даночната политика да го претстави на 17 јуни, Нацрт-законот треба да биде готов до крајот на неделава. Европската комисија во март годинава одлучи дека земјите-членки на Европската унија мора да разменуваат информации за даночни аранжмани склопени со водечките мултинационални корпорации.

Во Комисијата се сложуваат во поглед на потребата за сузбивање на избегнувањето на плаќање даноци која ќе помогне на повторното поврзување на даночењето на местото каде некоја компанија вистински работи.

ЕК со ова сака да го оживее предлогот од 2011 година за воведување на заедничка консолидирана основица на профитот, односно заеднички сет на правила кои компаниите кои работат во ЕУ можат да ги користат при пресметката на данок на добивка.

Според овој предлог, компаниите кај пресметките на даночните обврски мора да постапат во склоп со само еден систем во ЕУ, а не да се раководат од различни правила во поединечни земји-членки. Покрај тоа мора да се исполни само една пријава за поврат на данок за целокупната своја активност во земјите на Унијата.

Во Комисијата се свесни дека консолидацијата на даночната основица внатре во ЕУ нема да оди лесно, а земјите-членки ќе мора да се договорат околу начинот на дистрибуција на даночни приходи, што до денеска се уште не е направено.

Почитувањето ан систем на консолидирана даночна основица мора да биде обврзно, сметаат во Комисијата и напоменуваат дека тоа бара амбициозен и реален пристап. Реален во смисла дека треба да се се добие едногласно одобрување од Советот, за потоа да се добие поддршка за сите држави.

Претставниците на Европскиот парламент од редовите на конзервативните партии и партиите на реформисти, меѓу која е и владејачката партија на конзервативци во Британија, се против воведување на единствена даночна основица за корпорациите бидејќи тоа според нив би било само вовед во воведување на хармонизирани даночни стапки.

Со новите мерки, Европската комисија сака да спречи агресивните планови за даночните обврски со кои се служат мултинационалните корпорации, како што е префрлање на добивката во земјите со најмал данок на добивка, односно договарање со поволни даночни аранжмани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top