| четврток, 6 декември 2018 |

Заев потврди дека даноците ќе се зголемуваат (Видео)

Зголемување на даноците ќе има, но колку и по која основа, сеуште се крие. Зоран Заев го потврди ова и во најновото интервју, правдајќи го со потребата за наводна консолидација на општините. Дека СДСМ и Заев планираат зголемување на даноците најавуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пишува Економски.мк.

Имено Заев, во гостување на радиоемисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави:

– Продолжуваме со децентрализацијата на власта, едниот дел е фискалната децентрализација, мора да ја продолжиме. Веќе размислуваме заедно со УЈП и Министерството за финансии за нови давачки, да бидат допрецизирани, кои ќе го зголемат финансискиот ресурс на општините.

Пред локалните избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски напомена дека во програмата на Социјалдемократскиот сојуз е предвидено зголемување на даноците и потенцираше дека зголемувањето на даноците ќе има повеќекратни штети врз економијата.

– Информиран сум дека планираат зголемување на данокот на добивка и придонесите и дека тоа планираат да го прават постепено, а не одеднаш. За да не ги шокираат граѓаните од еднаш со поголемо зголемување на повеќе даноци, зголемувањето ќе биде постепено за луѓето да имаат можност помалку да го почувствуваат тоа, предупреди тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top