Не само што имаме пад на просечната плата и што имаме и пад на прометот на индустријата од 9 проценти во само еден месец, имаме најава за зголемување на даноците, како и на персоналниот данок на доход што значи ќе ги опфати сите вработени, зголемување на данокот на добивка, што значи ќе ги опфати сите компании, зголемување на придонесите за пензиското здравство и кој знае какви уште не давачки и зголемувања ќе се случат во иднина и веќе се најавени, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од митингот во Виница.
-По 11 години намалување на даноците во Македонија почнуваме нов период во кои што доаѓа време на зголемување на даноците и нормално е дека инвеститорите ќе бидат загрижени и се подготвуваат за заминување и нормално е дека нови инвеститори нема да дојдат во земјава. Она што исто така многу загрижува е стратегијата за прибирање на мигранти во Македонија, денес Владата преку инспекторатот за локална самоуправа стави вето на референдуми во над 20 општини во Македонија кои што сакаа да ги прашаат своите граѓани дали се за донесување на мигранти во нивните општини и таквото ставање на вето од Владата постапи спротивно на сите демократски закони и тоа значи дека таа Влада има други намери за да ги населат мигрантите во нашата држава, истакна Груевски.
Тој потенцираше дека мигрантите ќе ги зафатат илјадниците работни места на граѓаните кои што тие со нетрпение ги очекуваат, а намерата е по изборите да продолжи редефинирањето на државата.
-Во време кога цела Европа се крева против мигрантите нашата Влада се нафаќа да донесе мигранти во нашата држава, за сите неуставни закони како и за законот за јазици одговорот народот може да го даде само во еден ден и не може подоцна, а тоа е 15 октомври. На овој ден силата ќе биде во моќта на пенкалото на вашата рака и тогаш ќе се изјасните за се, вели Груевски.
Тој ги повика сите граѓани на 15 октомври да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ како и Коалицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски