Џихадистичката организација Исламска држава, којашто се противи на идолопоклонството и уништи голем број древни историски споменици во Ирак, на интернет објави фотографии на кои наводно нејзините борци се во сириска Палмира, меѓу неоштетените антички останки од градби во центарот на градот.
Агенцијата Ројтерс од независни извори успеала да ја потврди автентичноста на фотографиите кои групата на Исламската држава за медиумите ги поставила на џихадистичките интернет форуми. И активисти кои се во контакт со населението коешто остана во Палмира (или Тадмур на арапски јазик), откако ја напуштија силите на сириската влада велат дека засега не е сторено никакво оштетување на градбите кои се под заштита на УНЕСКО како културна оставина на човештвото.
Припадниците на оваа терористичка организација уништи бројни споменици во соседен Ирак, но и во Сирија, поради што сириското министерство за старини изрази загриженост дека девастацијата би можела да се повтори по учеството на џихадистите во Палмира. Џихадистите ги објавија фотографиите под наслов „Стариот град Тадмур“ на кои се гледаат руинираните ѕидини на античкиот град однадвор, а се гледа и неоштетениот римски амфитеатар.
Џихадистичката групација Исламска држава во април објави на интернет видео записи на кои нејзините припадници со пукање од пушки и копачи уништуваат споменици на културата во Хатра. Некогашниот партски град Хатра, во провинцијата Нанива, е древен град стар повеќе од две илјади години, кој од 1987 година е прогласена са археолошки локалитет од светското културно наследство, се наоѓа на 110 со километри јужно од Мосул, во северен Ирак. Припадниците на радикалната сунитска изминатите месеци ги урнаа и археолошките остатоци од древниот асирски град Дур-Шарукин, во близина со гратчето Хорасабад, 15 километри североисточно од Мосул. Дур-Шарукин е асирски град подигнат од царот Саргон Втори, во периодот кога Асирија била најмоќната земја во тогашниот свет.
Советот за безбедност на ОН на 12-ти февруари годинава, ја усвои Резолуцијата 2199 со која за засилува забраната за трговија со антиквитети и културни вредности со коишто се финансира тероризмот.
Во средата Исламската држава погуби 20 мажи, обвинувајќи дека ја поддржуваат владата на шиитскиот сириски претседател Башар ал-Асад, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), чиешто седиште е во Лондон. Опсерваторијата која се потпира на активисти од теренот објави дека џихадистите во градот и околината погубиле најмалку 200 луѓе а заробиле околу 600.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.