| четврток, 6 декември 2018 |

Евтини билети од 100 и од 200 денари за поддршка и за победа против Шпанија

Македонската ракометна федерација сака полна сала и максимална поддршка за македонските репрезентативци против Шпанија, на 3 април во Скопје, па одреди популарни цени на билетите од 100 и 200 денари. Тоа е предизвик за максимална поддршка на Кирил Лазаров, Наумче Мојсоски, Филип Миркуловски и останатите наши репрезентатвци, во обидот да се победи актуелниот светски првак. Натпреварот ќе се игра од 17.30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, и е дел од квалификациите за пласман на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Данска.

– Сметаме дека цените од 100 и од 200 денари се популарни и дека ќе придонесат салата да биде исполнета до последно место. Јасно е дека на нашите ракометари ќе им биде потребна помош од трибините. „Фалангата“ ќе биде нашиот седми играч и би било одлично кога на крајот сите би се радувале на голем триумф над светскиот шампион –  е изјавата на Филип Милошевски, вршителот на должноста генерален секретар на РФМ, за спортскиот портал ЕКИПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top