| четврток, 6 декември 2018 |

Пораката е испратена, Македонија ќе победи

За­луд­ни се пре­ме­ру­ва­ња­та на опо­зи­ци­о­не­ри­те на под­др­шка­та што ја до­би по­ли­ти­ка­та на ВМРО-ДПМНЕ. Овој сво­е­ви­ден ре­фе­рен­дум на ед­на го­ди­на по пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри по­ка­жа де­ка, и по си­те пре­мреж­ја низ кои ми­ну­ва др­жа­ва­та, на­ро­дот е тој што го пра­ви из­бо­рот. А, ВМРО-ДПМНЕ не се крие зад ор­га­ни­за­ции фи­нан­си­ра­ни от­стра­на, ту­ку јав­но по­ви­ка за до све­тот да ис­пра­ти по­ра­ката за „Ма­ке­до­ни­ја сил­на“

3ра­ѓа­ни­те ја ис­пра­ти­ја по­ра­ка­та – Ма­ке­до­ни­ја е сил­на! Не­кол­ку де­се­ти­ци ил­ја­ди гра­ѓа­ни за­ста­наа зад сво­јот из­бор. За­луд­ни се оби­ди­те за пре­бро­ју­ва­ње, за­луд­ни се оби­ди­те да се ми­ни­ми­зи­ра зна­че­ње­то на број­но­ста на на­род­ни­от со­бир. ВМРО-ДПМНЕ ка­ко ли­дер на вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја отво­ре­но за­ста­на зад ор­га­ни­зи­ра­ње­то на со­би­рот. По­ве­ќе од 90, 100 или над 100 ил­ја­ди гра­ѓа­ни го по­вто­ри­ја сво­јот из­бор. На ВМРО-ДПМНЕ и неј­зи­на­та по­ли­ти­ка не им се по­треб­ни зат­скри­ва­ња зад та­ка­на­ре­че­ни гра­ѓан­ски ор­га­ни­за­ции кои, фи­нан­си­ра­ни од глав­ни­от из­вор на по­ли­тич­ки­те фру­стра­ции – Отво­ре­но­то оп­штес­тво на Вла­ди­мир Мил­чин, ја те­ра­ат аген­да­та на СДСМ за ури­ва­ње на устав­ни­от по­ре­док на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

За­луд­ни се ме­ре­ња­та пла­те­ни од порт­мо­не­то на Со­рос за да се по­ка­же ед­на­квост или до­ми­на­ци­ја на тие што во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја гле­да­ат „ре­жим“. Тие што се сле­а­ја пред за­ко­но­дав­ни­от дом, ја пре­не­соа по­ра­ка­та до све­тот де­ка се за мир и за за­чу­ву­ва­ње на прав­на­та др­жа­ва и јав­но изра­зе­на­та де­мо­крат­ска вол­ја. И про­тив тоа не се мо­же без по­ли­тич­ки нат­пре­вар на те­рен, без ви­зи­ја ка­ко на­та­му, со не­ги­ра­ње на сѐ што зна­чи де­мо­кра­ти­ја.

Раз­ли­ка­та ме­ѓу тоа што зна­че­ше на­род­ни­от со­бир и про­те­стот на опо­зи­ци­ја­та не е са­мо во број­ка­та од око. Раз­ли­ка­та е и во ис­пра­те­ни­те по­ра­ки од сце­на­та, но и кој ги ис­пра­ќа тие по­ра­ки. Вла­ди­мир Мил­чин, Мир­ја­на Нај­чев­ска, Пе­трит Са­ра­чи­ни, сту­дент бу­квал­но за­до­ен од аген­да­та на Сто­јан­че Ан­ге­лов… се са­мо до­каз за тоа кој е из­во­рот на дејс­тву­ва­ња­та на опо­зи­ци­ја­та ко­ја во се­то тоа вле­та со гла­ва в ѕид, без ни­ка­ква по­ли­тич­ка пла­тфор­ма. Освен ако ка­ко пла­тфор­ма се ва­жи гес­ло­то што го по­вто­ру­ва Зо­ран За­ев ка­ко рас­и­па­на пло­ча – „сло­бо­да­та и де­мо­кра­ти­ја­та“.

И ток­му за­тоа, про­те­стот и на­род­ни­от со­бир, одр­жа­ни во са­мо два де­на, се оце­не­ти ка­ко еден вид ре­фе­рен­дум­ско из­јас­ну­ва­ње, кое по­ка­жа де­ка на­ро­дот за­ста­нал зад по­ли­ти­ка­та на бра­не­ње на ма­ке­дон­ски­те ин­те­ре­си и на еко­ном­ски­от раз­вој, нас­про­ти по­ли­ти­ка­та на ури­ва­ње и за­ка­ни.

 

Нај­до­бри­от од­го­вор за си­те сце­на­ри­сти

 

- ВМРО-ДПМНЕ и ко­а­ли­ци­ја­та ќе нај­дат на­чин да го за­прат овој за­лет на пра­ве­ње ште­та на Ма­ке­до­ни­ја. Има­ме план да ја над­ми­не­ме кри­за­та соз­да­де­на од СДСМ и ќе го ре­а­ли­зи­ра­ме тоа што го ве­тив­ме. Не­ма да му доз­во­ли­ме на За­ев да го за­пре тоа што со го­ди­ни го гра­дев­ме во еко­но­ми­ја­та, сил­ни­от тренд на ин­ве­сти­ции и гра­де­ње фа­бри­ки, сил­ни­от тренд на но­ви ра­бот­ни ме­ста.

Гру­ев­ски јас­но пре­до­чи де­ка на Ма­ке­до­ни­ја не ѝ е по­треб­на по­ли­тич­ка гар­ни­ту­ра ко­ја свес­но се ста­ва на рас­по­ла­га­ње на стран­ска раз­уз­на­вач­ка служ­ба, ко­ја си има сопс­тве­на цел.

- Слуш­нав­ме мно­гу бом­ба­стич­ни нај­а­ви, но оста­на да ви­си пра­ша­ње­то: це­ла­та кон­цеп­ци­ја за овој на­чин на дејс­тву­ва­ње на СДСМ е ба­зи­ра­на на тоа де­ка има­ло не­ре­гу­лар­ни из­бо­ри во 2014 го­ди­на по­ра­ди што и не вле­гоа во пар­ла­мен­тот и го спро­ве­доа ова сце­на­рио. Но, дра­ги при­ја­те­ли, да­ли за­бе­ле­жа­вте де­ка во кре­и­ра­ни­те и се­че­ни сним­ки не­ма­ше ни­ту ед­на сним­ка ко­ја ука­жу­ва на из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти во 2014 го­ди­на. Сè што из­ва­ди­ја, со си­от ла­жен на­ра­тив и еди­ти­ра­ни сним­ки, се од­не­су­ва­ше на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри од 2011 го­ди­на и на ло­кал­ни­те из­бо­ри од 2013 го­ди­на. Ни­што, ну­ла за 2014 го­ди­на, во ко­ја не­маа ни­ту ед­на жал­ба до Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја – ре­че Гру­ев­ски.

Од­луч­но и моќ­но, со раз­ум­на и дла­бин­ска ана­ли­за на по­ли­тич­ки­те слу­чу­ва­ња, Гру­ев­ски ис­пра­ти јас­ни по­ли­тич­ки по­ра­ки.

- Тоа што ни се слу­чу­ва, всуш­ност, е ди­кта­ту­ра на по­ли­тич­ко­то мал­цинс­тво, ин­стру­мент на служ­ба. Но, Ма­ке­до­ни­ја не е Ни­ко­ла Гру­ев­ски или Зо­ран За­ев. Ова е Ма­ке­до­ни­ја. Овој на­род е нај­до­бри­от од­го­вор на си­те сце­на­ри­сти што цвр­сто ве­ру­ваа де­ка ќе нè скр­шат,  де­ка ќе ни ги ис­пе­рат мо­зо­ци­те, де­ка ќе нè пре­ла­жат со кре­и­ра­ни, се­че­ни и ле­пе­ни сним­ки, со лаж­ни во­ве­ди и на­ра­ти­ви, де­ка ќе нè исп­ла­шат со те­ро­ри­стич­ки бан­ди, де­ка ќе потк­лек­не­ме, де­ка ќе се пре­да­де­ме. Но, ве­чер­ва го до­би­ва­ат од­го­во­рот, Ма­ке­до­ни­ја не се пре­да­ва, Ма­ке­до­ни­ја е сил­на. Ова е не­чес­на игра кон Ма­ке­до­ни­ја. За­тоа ќе ја до­би­е­ме оваа би­тка – из­ја­ви Гру­ев­ски.

- Де­мо­кра­ти­ја ли е ако на се­кој не­и­сто­мис­ле­ник му упа­ту­ваш за­ка­на со об­ја­ву­ва­ње сни­ме­ни и кре­и­ра­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри, стек­на­ти на не­за­кон­ски и на кри­ми­на­лен на­чин. Де­мо­кра­ти­ја ли е ако пет ча­са ја те­паш со што ќе стиг­неш сопс­тве­на­та по­ли­ци­ја, и 38 по­ли­цај­ци се хос­пи­та­ли­зи­ра­ни, го сим­ну­ваш и ки­неш ма­ке­дон­ско­то зна­ме са­мо за да из­вр­шиш на­си­лен пре­врат? Та­кви де­мо­кра­ти не ѝ тре­ба­ат на Ма­ке­до­ни­ја. Де­мо­кра­ти кои јав­но им се за­ка­ну­ва­ат на ме­ди­у­ми­те што не ја под­др­жу­ва­ат нив­на­та на­сил­нич­ка и ку­ка­вич­ка по­ли­ти­ка, де­мо­кра­ти кои фи­зич­ки по­вре­ду­ва­ат и рас­кр­ва­ру­ва­ат но­ви­нар­ки и сни­ма­те­ли, де­мо­кра­ти кои пре­ку сво­и­те кон­тро­ли­ра­ни и од­над­вор пла­те­ни и преп­ла­те­ни ме­ди­у­ми им упа­ту­ва­ат за­ка­ни на сопс­тве­ни­ци­те на ме­ди­у­ми­те што не ги под­др­жу­ва­ат, де­ка ко­га ќе дош­ле на власт, ќе за­вр­ше­ле ва­ка или она­ка, де­мо­кра­ти кои пред три го­ди­ни имаа обид за на­сил­но вле­гу­ва­ње и оку­пи­ра­ње на пар­ла­мен­тот, де­мо­кра­ти кои ор­га­ни­зи­ра­ле свои гру­пи на­сил­ни­ци, кои ги те­па­ат не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те од дру­ги по­ли­тич­ки пар­тии – наг­ла­си ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ на на­род­ни­от со­бир.

На­род­ни­от со­бир се одр­жа еден ден по про­те­стот на опо­зи­ци­ја­та, во вре­ме ко­га поч­наа сред­би­те со при­сус­тво на ме­ѓу­на­род­ни прет­став­ни­ци. Обра­ќа­ње­то на Гру­ев­ски, всуш­ност, ги пре­до­чи и ста­во­ви­те со кои за­ми­на во Страз­бур, ка­де што по­втор­но евро­пра­те­ни­ци се оби­ду­ва­ат да по­сре­ду­ва­ат кон над­ми­ну­ва­ње­то на кри­за­та. Пр­ви во тој пра­вец, до­да­де тој, пре­зе­доа че­кор Јан­ку­ло­ска, Ја­на­ки­е­ски и Ми­јал­ков, кои, иа­ко без до­ка­жа­на ви­на, по­ка­жаа од­лу­ка да се пов­ле­чат во ин­те­рес на др­жа­ва­та. Гру­ев­ски нај­а­ви де­ка сле­ду­ва пер­и­од на раз­го­во­ри со ма­кси­ма­ли­стич­ки ба­ра­ња од дру­га­та стра­на, што е, ка­ко што оце­ни, при­стап ист ка­ко на Гр­ци­ја во пре­го­во­ри­те за отко­чу­ва­ње на евро­ат­лан­ска­та ин­те­гра­ци­ја на зем­ја­та.

- Ние сме отво­ре­ни за раз­го­вор. Но, не­ма да доз­во­ли­ме ре­ше­ние спро­тив­но на из­бор­на­та вол­ја на мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни. Ако доз­во­ли­ме, то­гаш зо­што ни се из­бо­ри во др­жа­ва­та. Ед­но­став­но не­кој ќе си на­ба­ви опре­ма за прис­лу­шу­ва­ње, ќе пу­шти свои по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци ка­ко пцу­јат и ка­жу­ва­ат не­при­јат­ни ра­бо­ти во афект, и ќе ис­по­ра­ча ба­ра­ња за пре­од­на вла­да. Кол­ку ед­но­став­на би би­ла по­ли­ти­ка­та на тој на­чин…. Но, и тие што про­те­сти­раа вче­ра, и тие се на­ши со­гра­ѓа­ни и ние ја сфа­ќа­ме и нив­на­та по­ра­ка. И она што е су­штин­ска и ре­ал­на кри­ти­ка, за та­кви­те не­шта ќе на­пра­ви­ме ма­кси­мум да ис­по­ра­ча­ме ре­зул­та­ти и ко­рек­ции – ре­че Гру­ев­ски.

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 142. број на неделникот „Република“, 22.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top