Топлотниот бран која ја зафати Индија е причината за смртта на најмалку 1.371 човек поради температурите повисоки и од 47 Целзиусови степени, па властите им забранија на лекарите да ги користат годишните одмори за да бидат згрижени сите пациенти.
Мај и јуни се вообичаено најтоплите месеци во Индија со температури секогаш над 40 Целзиусови степени. Меѓутоа, тамошните метеоролози предупредуваат дека последните 15 години се зголемил бројот на деновите со температури коишто се движат околу 45 степени.
Бројот на жртвите во индиските сојузни држави најтешко погодени од горештините, Андра Прадеш на југоистокот и соседната Телангана, е повеќе од удвоен во однос на минатогодишниот број починати од високите температури. Повеќето од жртвите се или постари лица или работници изложени на сончаница или дехидрација. Само во државата Андра Прадеш починале 1.020 лица.
Властите на лекарите им забранија користење на годишните одмори и му советуваат на населението да не излегува во периодот од денот, кога се најголемите горештини, од 11 до 16 часот.
Летото во Индија започнува во април, а врвот го достигнува кон средината на мај и трае до крајот на јуни, кога температурите опаѓаа поради монсунските дождови. Топлотниот удар настанал со надоаѓање на сув континентален воздух од Иран и Авганистан што треба да ослаби кон крајот на седмицата, пред дождовите да донесат олеснување во деловите од источна и јужна Индија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.