Промоцијата на книгата „Семантиката на предмодернизмот (протомодернизмот) во македонската проза“ од доцент д-р Ивица Максимоски ќе се одржи денеска (27 мај) во 19 часот во просториите на книжарницата „Магор“.
Рецензент на книгата е професор д-р Венко Андоновски, а трудот ќе го промовира професор д-р Александар Прокопиев – Сашо и професор д-р Лорета Георгиевска – Јаковлева од Институтот за македонска литература.
Трудот опфаќа шест белетристички дела од повоената македонска литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.