Последните фотографии на Мерилин Монро направени три седмици пред смртта ќе се продаваат на ауција на 4 јуни во Лондон. Се очекува секоја фотографија да чини најмалку 1.400 евра.
Филмската дива ја фотографирал Џорџ Барис на 13 јули 1962 година на плажите на Калифорнија. Фотографиите биле наменети за нејзината книга. Но, три недели подоцна таа трагично почина во својот дом во Лос Анџелес. Имаше 36 години.
Барис овие фотографии првпат ги објавил 25 години по смртта на Монро и тоа под името „Последни фотографии“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.