Македонскиот ракометен талент Дарко Димитриевски ќе ја продолжи кариерата во унгарскиот клуб Чургу. Еден од најперспективните наши бекови ја напушти АСОБАЛ лигата во Шпанија каде играше за Адемар Леон и претходно за Пуерто Сегунто и ќе се пресели во Унгарија.
„Условите што ми беа понудени беа одлични. Заминувам во квалитетен и амбициозен клуб, во силна лига, така што не се сомневам дека овој трансфер ќе претставува чекор напред за мене во кариерата“ – изјави Димитриевски за спортскиот портал „ЕКИПА“.
Чургу е трета по квалитет екипа во Унгарија зад учесниците во Лигата на шампионите Веспрем и Пик Сегед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.