| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриевски си замина од Адемар и ќе игра за унгарски Чургу

dimitrievski

Македонскиот ракометен талент Дарко Димитриевски ќе ја продолжи кариерата во унгарскиот клуб Чургу. Еден од најперспективните наши бекови ја напушти АСОБАЛ лигата во Шпанија каде играше за Адемар Леон и претходно за Пуерто Сегунто и ќе се пресели во Унгарија.

Условите што ми беа понудени беа одлични. Заминувам во квалитетен и амбициозен клуб, во силна лига, така што не се сомневам дека овој трансфер ќе претставува чекор напред за мене во кариерата“ – изјави Димитриевски за спортскиот портал „ЕКИПА“.

Чургу е трета по квалитет екипа во Унгарија зад учесниците во Лигата на шампионите Веспрем и Пик Сегед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top