| четврток, 6 декември 2018 |

Гневен возач искршил наплатна рампа

Patarina

Кумановец, гневен оти му барале да плати патарина, го искршил стаклениот шалтер на наплатувачот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за Н.С.(33) од Куманово за  кривично дело насилство.

Завчера околу 3.30 часот пријавениот со патничко возило дошол на наплатната рампа „Романовце“ и не сакајќи да плати патарина во целосен износ, почнал да се расправа со вработениот З.П.(52) од Куманово , а потоа почнал да удира по металниот дел од кабината и со тупаници го скршил стаклото од кабината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top