Кумановец, гневен оти му барале да плати патарина, го искршил стаклениот шалтер на наплатувачот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава за Н.С.(33) од Куманово за кривично дело насилство.
Завчера околу 3.30 часот пријавениот со патничко возило дошол на наплатната рампа „Романовце“ и не сакајќи да плати патарина во целосен износ, почнал да се расправа со вработениот З.П.(52) од Куманово , а потоа почнал да удира по металниот дел од кабината и со тупаници го скршил стаклото од кабината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Oсум повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово
-
Сообраќајка кај наплатната рампа Тетово, повредени две лица
-
Се судрија камиони кај Романовце, двајца повредени, километарска колона на наплатната рампа (ВИДЕО)
-
Избегнувал да плати патарина во Глумово, повреден вработениот кога сакал насилно да помине