| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај наплатната рампа Тетово, повредени две лица

Две лица се повредени, оштетени се три возила, како и наплатната кабина број седум на наплатната рапма кај Тетово од автопатот Тетово – Гостивар, по сообраќајната несреќа што денеска околу 9 часот се случила на ова место, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, во сообраќајката учествувале три патнички возила, „БМВ“ со тетовски регистарски таблици управувано од Г.А. (25) од Боговиње, „мерцедес“ со тетовски таблички што го управувал М.С. (52) од Пирок и „поло“ со гостиварски таблички управувано од Т.П.(30) од Гостивар.

– Возачот на „мерцедесот“ и сопатничката од „БМВ“ Џ.И. (27) од Боговиње во сударот добиле телесни повреди и со возило на Итната помош биле пренесени во тетовската клиничка болница. По укажаната помош возачот е пуштен на домашно лекување, додека Џ.И. била задржана за натамошна опсервација и лекување. По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа на СВР Тетово и се утврдува причината за несреќата и околностите во кои се случила. Првично, причина е неприлагодена брзина, а вкупната материјална штета се проценува на 200 илјади денари – изјави Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top