Во интервју за косовската телевизија РТК, лидерот на СДСМ Зоран Заев ја поставува мултиетничноста како критериум во преговорите за наметнатиот повеќедецениски спор за името.
Заев говорејќи за црвените линии во спорот за името, вели дека не треба да се дозволи “да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики“.
-Доколку зборуваме за проблемот и вложуваме напори да најдеме решение , ќе успееме во тоа. Но нашата земја треба да има унифициран став по однос на ова прашање. Ние мора заеднички да ги поставиме црвените линии, а црвените линии не ни требаат само за пред Грција, туку за пристап кон решавање на проблемот – вели Заев.
На прашањето кои се неговите црвени линии, Заев одговара:
-Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики. Тоа се нашите одлики како држава, како народ кои неможат да се сменат. Но доколку зборуваме заедно со нашиот јужен сосед, со Грција, како соседи, јас сум сигурен дека ќе најдеме решение. Убеден сум во тоа – додава Заев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.