| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се гордее со учеството на ЛГБТ заедницата на протестот

заев4

Дури и во Европа тешко ќе најдете да протестираат како што протестираа во Скопје Ромите, протестираше и ЛГБТ заедницата, со знамиња заедно тие испратија јасна порака и ние сме горди на тоа – вели во интервју за косовската телевизија РТК лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Заев вели дека протестот во неделата бил граѓански и претставувал голема потврда, на што потенцира дека е многу горд.

-Ние бевме само учесници во тој процес, тоа беше протест кој ги опфати сите граѓани на нашата земја. Овој протест има многу разлики, не само етнички што е многу добро, овие етнички различности испратија порака до мултиетничкиот Балкан. Мора да останеме заедно и да се бориме за квалитетен живот секој ден. И тоа е најважната работа. Во однос на различноста, беа вклучени различни асоцијации, НВО, интелектуалци и слично. Дури не е вообичаено ниту за Европа да се организира протест во кој ќе учествуваат заедно Ромите, но и  ЛГБТ заедница со своите знамиња, сите заедно. Ние испративме многу силна порака и сме особено горди на тоа – вели Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top