| четврток, 6 декември 2018 |

Нова поетска книга од Матеја Матевски

Во издание на “Матица македонска“ од Скопје излезе од печат стихозбирката “Молох – пеш по светот“ од Матеја Матевски.Во својата дваесет и втора поетска книга, познатиот македонски поет застапува педесеттина песни, поеделени во шест тематски циклуси, во кои преку “помнежот на минатото време ја пресликува убавината на доживеаните средби со духовните светски вредности и низ ткаежот на стиховите создава поетски универзум со антологиски вредности“, констатира Раде Силјан .

– Новата поетска книга на Матевски е трогателна лирска aпотеоза на човечкото жртвување во универзални космички димензии и во еден краен вселенски молк.Во стихијата на вечниот заборав, поетот во своето лирско патување воскреснува мноштво спомени од реалниот живот, од различни меридијани и култури, и со моќта на зборот,мајсторски ги детерминира и овековечува во трајни споменици на нашата цивилизација.Со една своевидна продлабочена инспирација и со препознатлива творечка егзалтација, преку симболот на семитското божество на сонцето, на огнот и на светото жртвување (Молох), поетот ја идентификува судбината на човекот и неговиот свет придионес во општото постоење, пишува Раде Силјан во рецензијата за делото на академик Матеја Матевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top