| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Коњовиќ изложува во Чифте-амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте-амам, вечерва (22-ри мај) ќе биде отворена изложба на Милан Коњовиќ, еден од уметниците кои оставиле битно влијание на тековите на поранешното југословенско сликарство на дваесеттиот век.

Својот творечки опус го започнува во текот на втората деценија на минатиот век, а го завршува на почетокот на деведесеттите години, поточно 1993 година, кога починува во својот Сомбор.

Коњовиќ во некои кардинални моменти во поранешното југословенско сликарство се појавува со творештво кое антиципира, инаугурира и ги потврдува особеностите на доаѓачките трендови во уметноста. По прелудијските остварувања во манирот на импресионизмот и посимпресионизмот, својот сликарски концепт го продолжил со рационалистички пристап кон бојата и формата, доспевајќи меѓу првите во поранешното југословенско сликарство до кубизмот, подоцна инсистирал на колоризмот и експресионизмот кој ќе стане одбележје на севкупното негово творештво.

Изложбата се реализира во соработка со „Галерија Коњовиќ“ од Сомбор и Завод-Музеј Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top