| четврток, 6 декември 2018 |

Утре доаѓа Помошник генералниот секретар на ОН за човекови права Иван Шимоновиќ

Помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Шимоновиќ, доаѓа во дводневна посета на Македонија од 21 до 22 мај 2015 год. Ова ќе биде прва официјална посета во земјата од висок претставник на Обединетите нации за човековите права од 1999 година. Г-динот Шимоновиќ ќе биде придружуван од колеги од Одделението на Обединетите нации за политички прашања.

Шимоновиќ ќе оствари средби со највисоките претставници од Владата, лидери на политички партии, народниот правобранител, претставници од граѓанското општество кои работат на унапредување на човекови права, агенциите на Обединетите нации и претставници од меѓународната заедница во земјата.

Иван Шимоновиќ е помошник генерален секретар на Обединетите нации за човекови права од јули 2010 година. Тој е раководител на Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top