Најдобро разладување во овие топли пролетни денови се ладните пијалаци и, секако, сладоледот. Ако сакате да уживате заедно со децата во неодоливиот леден десерт, тогаш најдобро е да подготвите домашен сладолед.
Ако немате идеја како да го подготвите, еве еден суперлесен и вкусен рецепт:
Потребни состојки:
- половина килограм јагоди
- една чаша кокосово млеко или полномастен јогурт
- 2-3 лажици мед
- екстракт од ванила
Подготовка:
Неколку јагоди фино исечкајте ги и оставете ги на страна. Другите јагоди ставете ги во блендер со другите состојки и мешајте ги додека не добиете убава и мазна структура. Додајте ги исечканите јагоди во блендерот и матете 2-3 секунди колку да се соединат сите состојки, а сепак да ви останат парченца јагоди. Добиената смеса ставете ја во калапи за сладолед, ставете ги во замрзнувачот и оставете ги минимум 6-8 часа за добро да замрзне смесата.
Кога ќе бидат готови, доволно е да ги ставите неколку секунди под топла вода о многу лесно ќе го извадите сладоледот од калапот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Нов Зеланд повторно пронајдена игла во пакување јагоди
-
Малолетник уапсен за скандалот со игли во јагодите во Австралија: Признал дека ги ставал за забава
-
Најопасниот сладолед во светот: Кој сака да го проба „ѓаволскиот здив“, прво треба да потпише писмена согласност (видео)
-
Која е разликата помеѓу сладолед и гелато?