| четврток, 6 декември 2018 |

Направете сами здрав и вкусен сладолед

SONY DSC

Најдобро разладување во овие топли пролетни денови се ладните пијалаци и, секако, сладоледот. Ако сакате да уживате заедно со децата во неодоливиот леден десерт, тогаш најдобро е да подготвите домашен сладолед.

Ако немате идеја како да го подготвите, еве еден суперлесен и вкусен рецепт:

Потребни состојки:

  • половина килограм јагоди
  • една чаша кокосово млеко или полномастен јогурт
  • 2-3 лажици мед
  • екстракт од ванила

Подготовка:

Неколку јагоди фино исечкајте ги и оставете ги на страна. Другите јагоди ставете ги во блендер со другите состојки и мешајте ги додека не добиете убава и мазна структура. Додајте ги исечканите јагоди во блендерот и матете 2-3 секунди колку да се соединат сите состојки, а сепак да ви останат парченца јагоди. Добиената смеса ставете ја во калапи за сладолед, ставете ги во замрзнувачот и оставете ги минимум 6-8 часа за добро да замрзне смесата.

Кога ќе бидат готови, доволно е да ги ставите неколку секунди под топла вода о многу лесно ќе го извадите сладоледот од калапот.

Strawberry-Popsicles-Recipe

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top