Во Нов Зеланд се повтори неодамнешниот инцидент кога во Австралија во јагоди беа пронајдени игли.
Во неделата во еден супермаркет во Нов Зеланд повторно била пронајдена игла во сад со јагоди, изјави портпарол на тамошната полиција.
Како мерка на претпазливост, сите јагоди во супермаркетот биле повлечени од продажба. Полицијата во моментов го разгледува случајот. Засега не е познато дали јагодите биле произведени во Нов Зеланд или биле увезени од Австралија.
Во септември синџирот супермаркети „Каунтдаун“ повлече цел бренд јагоди поради истата причина, а на почетокот на овој месец една 50-годишна жена беше обвинета дека ги ставала иглите во садовите со јагоди, откако најмалку 100 вакви случаи беа пријавени во Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Малолетник уапсен за скандалот со игли во јагодите во Австралија: Признал дека ги ставал за забава
-
Јагоди се продаваат среде коловоз на автопатот Скопје – Тетово (ФОТО)
-
По фустанот, нов оптички предизвик го тресе интернетот: Која боја се јагодите?
-
На скопските пазари се продава до сега невидена сорта јагоди (фото)