| четврток, 6 декември 2018 |

Која е разликата помеѓу сладолед и гелато?

Разликата помеѓу гелато и сладолед, луѓето најчесто не ја знаат, или само мислат дека гелато е италијанското име за сладолед, што е точно, но сепак има важна разлика. За разлика од гелато, сладоледот мора да содржи најмалку 10% млечна маст и мора да се меша за време на замрзнувањето при што во мазната структура влегува воздух. Гелато содржи помалку млечни масти и помалку воздух, што влегува во него за време на замрзнувањето.

Исто такa има разлика во замрзнувањето, сладоледот се замрзнува на -18, а гелато само на -12 степени. Гелато, за разлика од сладоледот се прави само од природни намирници. Во почетната фаза, гелато навистина изгледа како сладолед, но со побавното мешање влегува помалку воздух, така што, резултатот е посочен и покремаст десерт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top